Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Заев се правда за навредите до шарените револуционери: После 2 часа и 17 минути во кафана се случуваат грешки

После 2 часа и 17 минути во кафана се случуваат грешки, се…

Сподели:

После 2 часа и 17 минути во кафана се случуваат грешки, се правда лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за објавената „бомба“ каде се слуша како со пцости и погрдни зборови говори за припадниците на „Шарената Револуција“.  Алфа го праша екс премиерот како ќе ги погледне во очи обичните луѓе со чија помош дојде на власт, а тој пак се правда дека не го мислел она што го кажал.

-Секако после 2 саата и 17 минути седење во кафана на слободен разговор се случуваат грешки, сум знаел секогаш да се коригирам и овој пат се коригирам. Ниту сум го мислел тоа, ниту сум имал некои непријатности во работењето, напротив имавме одлична соработка, изработивме заедно многу за нашата земја.

Додека оние припадници на „Шарена Револуција“ кои добија функции од Заев, го бранат лидерот на СДСМ, обичните луѓе со чии гласови тој дојде на власт, се чувствуваат понижено и навредено од неговите зборови, каде вели дека ќе пушти низ вода и шарени и сите „шути и рогати“.

Реклама

Шарениот револуционер Благојчo Горгиев вели дека се чувствува понижено и изманипулирано. Слушајќи го аудиото на Заев, Благојчо вели дека бил повреден оти им била ветувана правда, а добиле само навреди.

-Со тие зборови шуто и рогато, толку многу ме погоди што еве сакам да го прашам директно Зоран Заев дали спаѓам во шутите, рогатите затоа што јас сум инвалид, во сакатите можам да кажам. Тој ја претера толку многу, се забега во времето и просторот. Од тој човек неможеш да очекуваш ништо добро веќе, освен само зло. Ние најмногу му помогнавме за да дојде на власт, тој ветуваше правда, ветуваше правна држава а уствари тој планирал да ни го е*е мамето на сите и да ни го е*е мамето на сите, вели  Благојчo Горгиев – учесник во Шарената револуција.

Покрај шарените револуционери кои изразуваат револт бидејќи не ја гледаат правдата за која се бореле, револт има и кај обичните граѓаните кои велат дека се излажани од СДСМ.

Матеја Петровски