Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Заев поголем епидемиолог од Караџовски? Симовски молчи за одложувањето на пописот

Зошто првиот доктор во единствената комисија за заразни болести во државата формирана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зошто првиот доктор во единствената комисија за заразни болести во државата формирана заради пандемијата, не беше тој што ќе побара одложување на пописот? Зошто дозволи политиката да му го земе приматот? Зарем здравјето на граѓаните е политичка а не медицинска работа? Сите овие прашања од јавноста заслужуваат одговори од доктор Жарко Караџовски, па Алфа му ги постави, ама одговор од него не добивме. 

Дали ова значи дека премиерот е поголем доктор од Караџовски? Јавноста бара објаснување, а конечната одлука од него ја чекаше и директорот на државниот завод за статистика Симевски. Но Караџовски тогаш се иззема од одговорност – тврдеше дека  од нив било побарано да се изготви само протокол, небаре не можат дадат препорака.

Во моментов, епидемилошката состојба е комплицирана, но јас не одлучувам дали ќе има попис. Ако јас одлучувам за се, јас би се викал заменик-премиер. Ние сме го дале стручното мислење преку протоколот – изјави Караџовски.

Реклама

Симевски пак иако борбено се трудеше да се реализира пописот, истовремено заканувајќи се со кривични пријави и казни затвор ако некој не им отвори врата на попишувачите, дури и кога по 30 луѓе дневно умираат –  се чини и тој остана безгласна буква. Откако пописот го одложија политичарите, Симовски не сака да дава изјави за медиумите, а сакавме да го прашаме кога планира да си поднесе оставка, оти тоа веќе и го бара народот, особено на социјалните мрежи.

Првиот обид да не се излезе во пресрет да се дадат податоци, а е обврска по закон ќе биде санкциониран. Ќе биде санкциониран. Ние ќе поднесеме пријава , ние не сме казнена институција меѓутоа ќе поднесеме до обвинителството. Но, ќе поднесеме и на мотиваторот на таквото дејство“,рече Симовски.

Пописот требапе да започе задутре, но со договор на Мицкоски и Заев истиот е одложен за септември.

Мери Ѓорѓиевска