Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

Заев го потврди Груби – јавноста гневна на планот за субвенции

Tоа што Aртан Груби го кажа зоран Заев се обиде да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Tоа што Aртан Груби го кажа зоран Заев се обиде да го реватилизира, субвенции за вработување Албанци во приватниот сектор ќе има, ама не само за нив туку и за другите етнички заедници. Заев најави дека мерката ќе се спроведувала по региони. Во меѓувреме не стивнуваат реакциите на критики во јавноста зошто власта се меша во приватниот бизнис.

Големо „не“ за вработување по етничка и национална основа, едногласно реагираат граѓаните по изјавите на власта дека ќе дава државни пари за фирми кои ќе вработуваат Албанци. Јавноста ја осуди изјавата на Артан Груби кој отворено ги уценува компаниите.

  • Само квалитет и ништо друго. Ова што ни се случува е лошо. Мислам дека изјавите на власта воопшто не се издржани. Етничката припадност не може да игра улога за вработување, мислам дека мора да има професионалност и квалитет. Тоа што власта сака да го протне на мала врата воопшто нее фер, реагираат граѓаните пред камерата на Алфа.

Реагираат и стопанствениците. Предупредуваат дека за бизнисот е важно да се решат економските проблеми, а не да се форсираат мерки за вработување по етничка основа. Ја критикуваат изјавата на Груби како неиздржана:

Реклама
  • Бизнисот мора да вработува луѓе со луѓе со квалитет, професионални, и со добри квалификации. Изјавата на вицепремиерот Артан Груби сметам дека дополнително е нарушување на законски одредби, зашто нашето општество се темели на граѓански концепт, вели за Алфа Миле Бошков од Организацијата на работодавачи на Македонија.

Од бизнис заедницата алармираат дека владата мора итно да донесе ефикасни мерки за да му се помогне на стопанство, во спротивно голем број на граѓани ќе останат на улица.

Премиерот Заев најави дека ќе се субвенционираат вработувања во приватни компании без оглед на етничката припадност. Владата ќе дава подршка при отворањето на фабрики а ќе се применува и Законот за стратешки инвестиции.

  • Субвенции ќе има за сите етнички заедници, за сите иницијативи, ќе продолжи регионалниот пристап, ќе гледаме низ регионите и низ потребата од квалификувана работна сила, но и на мотивацијата на граѓаните да се квалификуваат за потребите на пазарот на трудот, изјави Заев.

Бурни реакции ги преплавија и социјалните мрежи. Сите коментари се насочени кон власта со критики дека е недозволиво да се меша во приватен бизнис. Според последните податоци од Агенцијата за вработување, од јануари бројот на невработени се зголемил за повеќе од 40.000 граѓани кои останале на улица.

Борис Грујоски