Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Заев две години по потпишувањето на Преспанскиот договор: ВРЕДЕШЕ!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на социјалните мрежи објави статус посветен на…

Сподели:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на социјалните мрежи објави статус посветен на 2 години од потпишувањето на Преспанскиот договор.

 

„Денес одминуваат точно две години откако го потпишавме Договорот од Преспа. Денес слободно можеме да кажеме – ВРЕДЕШЕ!

Реклама

Вредеше затоа што станавме полноправна членка на најсилниот воено-политички сојуз во светот – НАТО. Седиме на иста маса, рамо до рамо со најуспешните, најразвиените и најсилните. Македонската иднина е обезбедена, а границите засекогаш сигурни.

Вредеше затоа што Преспанскиот договор нѐ донесе чекор поблизу до Европската Унија и конечно ги отворивме вратите на нашата ЕУ интеграција. По 15 години чекање почнуваме преговори за членство. НАТО и ЕУ се наша силна поддршка за развој, но и за соочување со предизвиците и опасностите како што е коронавирусот. Изминатиот период добивме голема помош и поддршка од нив.

Вредеше затоа што денес имаме соседи кои силно нѐ поддржуваат. Во нашиот пат за членство кон НАТО и ЕУ, Грција сега не само што не нѐ блокира, туку и го помага нашето забрзано интегрирање.

Вредеше затоа што обезбедивме сигурна иднина за нашите деца, развојна економија и нови партнерства и пријателства. Дадовме значаен придонес за стабилноста во регионот и станавме светол пример за сите. Продолжуваме напред!“

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158756387812932?__xts__[0]=68.ARBX8rwR_syTYvQqO4bazDzF2SpielQKbsb4JWnFiAOAc0DQ3k8B0gE6LBSXrzTOgchQiImRRgFvW2arPuCAImbSp5yKMgITtm1H2wabnxx25XrtJMjPZ3IsZxvebIH7MZdGIPUs9xdmNJUsTX6UpZ7bPbPhBNugUOORWrc2VbbgSb2-gaOpBiU_kngeJjzGRG_PpAlkPw2ziFfEhk-SmmHiJiJ1OSFL3IsHuqUf6WuxebesW6M8tHurXg9-z0uI-uLKdMRtb9unu3bu8qs9IPSL2S6Sl62sjFMuhWp-8L3vjCwJDahlFDgCGi9C2o-0AbNUgwmghb76Z6H_mw&__tn__=-R