Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Задолжителни маски и ракавици, задоцнета или навремена мерка ?

Од среда, без заштитни маски и ракавици Куманочани,Тетовчани и Прилепчани нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од среда, без заштитни маски и ракавици Куманочани,Тетовчани и Прилепчани нема да можат да излезат надвор од дома. Ограничување за излегување од дома се препорачува и за сите граѓани на целата земја, каде што само по еден член од семејството би можел да оди во маркет или аптека.

“Владата одлучи да им се препорача на сите граѓани, а особено на оние што живеат на подрачјата на општините Куманово, Прилеп и Тетово, да го редуцираат излегувањето од своите домови, тоа да го прават само од најнеопходни причини, односно заради одење на своите работни места“, објави Владата.

Власта не ги послуша барањата на кумановскиот градоначалник, но тој денеска не смета дека треба да го коментира тоа што сопартијците не ги слушнаа неговите повици. Иако пред неколку дена, јасно кажа :

Реклама

“Куманово на 22ри бара кризна состојба, на 23-ти март бара веќе повисоки мерки, а од пред некој ден побаравме и карантин во посебни услови.” – кажа Димитриевски.
Дали мерката за задолжителни маски и ракавици не е задоцнета? Дали ова значи подготовка за нешто уште пострашно иако власта зборува за пик од бројка што не ја поткрепи со аргументи туку само ја најави – од 2500 заболени? Овие прашања заслужуваат објаснување. Дотолку повеќе што клучното прашање е на пример фактот што Димитриевски не носеше маска истиот ден кога се откри дека е позитивен, а застана пред камерата на Алфа.

Мерката за задолжително носење маски и ракавици можеби решава еден проблем, но отвара друг. Секое четири члено семејство месечно, треба од одвои од својот буџет по најмалку 6.000 денари за заштитни маски и ракавици. Тука доаѓа и проблемот што и самите аптеки кубурат со заштитната опрема – па прашање е дали Кумановци,Прилепчани и Тетовчани ќе можат да се снабдат со задолжителната опрема.

Меѓу останатите владини одлуки е сите државни органи, Општината и јавни претпријатија во Куманово од вторник да работат со редуцирани капацитети и да воведат посебни мерки за заштита.Од вторник се забранува организиран превоз на патници односно забрана за влез и излез во и од подрачјето на Тетово и сите околни општини.

Инаку, во Куманово досега има 329 заразени со коронавирус, во Прилеп 117, а во Тетово 55. Вкупно регистрирани болни со КОВИД-19 во Македонија се 1.207 лица.

 

Ања Василева