Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

За три месеци подигнати околу 400 кредити со поповолни услови при купување прв стан

За три месеци се подигнати околу 400 кредити со поповолни услови при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За три месеци се подигнати околу 400 кредити со поповолни услови при купување прв стан, информираше денеска гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, одговарајќи на новинарско прашање, по одржаната прес-конференција.

Тој потсети дека Централната банка ја донесе оваа мерка минатата година, а со важност од 1 декември.

– Ние ги затегнавме на некој начин, условите, заради заштита од прекумерно задолжување кај граѓаните и на некој начин и кај банките, при стабените кредити за домаќинствата, за граѓаните, со олеснување, во спротивна насока, за семејствата, лицата коишто купуваат прв стан. Следиме секој месец, се разбира, не можеме да дадеме некоја резултна оценка. Но, еве, за  првите три месеци од примената, од декември до крајот на феврари, има 400 такви кредити што се подигнати за купување на прв стан. Со овие поповолни услови од аспект нели на сопственото  учество, што сега може да изнесува дури до само 10 проценти. Па, ќе информираме како што минуваат месеците. Мислам дека ќе има ефект – подвлече Славески.

Реклама

Запрашан околу цените по метар квадратен станбена површина, тој рече дека според она што преку медиумите, го соопштуваат актерите на пазарот на недвижности, смета дека има извесно стабилизирање на цените.