Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Економија

За околу 20 проценти зголемен бројот на корисници на интернет преку оптичка мрежа

Интернет преку оптичка мрежа во 2025 година користеле 216.953 претплатници,  за 19,19…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интернет преку оптичка мрежа во 2025 година користеле 216.953 претплатници,  за 19,19 проценти повеќе во однос на 2024 година, покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2025 година. 

Пристап до интернет преку мобилен минатата година лани имале 1.424.685 претплатници, за 4,2 проценти повеќе во однос на 2024 година. Во вкупниот број на активни претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) минатата година А1 Македонија има пазарен удел од 48,22 проценти, Македонски Телеком учествува со 45,54 проценти, МТЕЛ со 4,36 проценти, Телекабел 1,65 проценти, Греен Мобиле 0,13 проценти, додека Мтелмобајл има пазарен удел од 0,1 процент.

Интернет со широк опсег лани користеле  549.109 претплатници,  што е зголемување за 2,02 проценти за една година.

Реклама

Широкопојасен пристап на интернет по пристапна брзина до и од 100Mbp имале 85.365 претплатници, кај 161.607 брзината била од 50 Mbps до 100Mbps,  кај 105.429 од 30 Mbps до 50 Mbps, 113.638 од 20 Mbps до 30 Mbps,  5.408 од 16 Mbps до 20 Mbps, 25.554 од 12 Mbps до 16 Mbps, 34.962 од 8 Mbps  до 12 Mbps, 12.596 од 4 Mbps, а 4.550  под 4 Mbps.

Намалување има кај бројот на претплатници со пристап до интернет преку јавна комуникациска мрежа xDSL , преку јавна кабелска (HFC)(DOCSIS 1.x,2,0) мрежа, преку изнајмени линии и преку LAN мрежи.

Уделот на претплатници на пристап до интернет по технологии во 2025 година покажува дека најголем процент им припаѓа на оние со пристап до интернет преку јавна оптичка мрежа, кој изнесува 39,51 проценти. Понатаму следуваат претплатниците кои имаат пристап до интернет преку јавна CaTV мрежа и нивниот удел е 21,31 проценти,  преку јавна комуникациска мрежа xDSL 17,51 процент, LAN мрежа 3,89 проценти, јавна радиокомуникациска мрежа (без претплатниците преку мобилни мрежи) 1,16 проценти и изнајмени линии 0,34 проценти.