Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

За Мицкоски ЕУ останува стратешка цел, но не со „полирање на чевлите на некои од политичарите на ЕУ„

„Нема да ги полираме чевлите на некои политичари на земјите членки од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Нема да ги полираме чевлите на некои политичари на земјите членки од ЕУ и ако треба да прифаќаме секакви уцени и диктати, простете но јас не сум тој соговорник“. Премиерот Христијан Мицкоски е дециден дека фокусот на Владата и натаму е Европската Унија, ама цената не смее да биде понижување на граѓаните. Според него, и македонската јавност и меѓународната заедница до сега биле навикната на функционери кои би прифатиле секакви ултиматуми, без оглед колку задираат во идентитетските прашања – со промената на владата се промени и реториката, Европска Унија да, ама со европски вредности.

Мора да се навикнете на политичари кои работат за своите граѓани чесно и одговорно, без да ги понижуваат граѓаните. Фокусот на владата останува да биде ЕУ. Не сме сами, имаме многу пријатели. Ако мислите дека треба да ги полираме чевлите на некои од политичарите на земјите членки од ЕУ и дека тоа е начинот на тој пат, простете но јас не сум тој соговорник. Со мене може да се разговара со аргументи. За жал, повеќе од две ипол децении јас не слушнав ниту еден аргумент. Како влада, продолжуваме да ги решаваме проблемите на граѓаните да одиме напред кон ЕУ. Во очите на многу политичари од ЕУ ние сме апсолутно тие што имаме аргументи. Тоа е диктат, ако треба да прифаќаме се. Тука нема цена. Диктати, закани и уцени не прифаќам. Зад нас се многу луѓе, тие се инспирација. Ние ќе работиме макотрпно, рече премиерот Христијан Мицкоски.

За критиките од опозицијата дека Македонија останува изолирана по одвојувањето од Албанија на патот кон ЕУ, Мицкоски вели дека власта во овие 100 дена покажала дека е посветена на евроинтеграциите и тоа го покажала преку бројните средби и активности на меѓународната политичка сцена.

Реклама

Мицкоски го повтори ставот дека уставни измени со одложено дејство би можеле да бидат прифатливо решение но предупреди дека Македонија се соочува со двојни стандарди, по однос на договорите со Грција и Бугарија.

Прашува зошто не може да важат правилата за одложено спроведување на обврските од Преспанскиот договор, во случајот со Бугарија.

Ние имаме една интересна состојба, која понекогаш има и размери кои што треба многу длабоко да се реализираат. Нас ни се велеше, мора договорите да се почитуваат. Еве ние почитуваме. А тоа со Бугарија, францускиот предлог не е договор. Каде пишува дека треба да го промениме Уставот? Ако се гледа Преспанскиот договор, тоа е услов, уставните измени за името тогаш. И таму си стои, ќе поминат уставните измени, и кога грчкиот парламент ќе го ратификува пристапниот договор во НАТО. Епа за Бугарија зошто да не може? Не може да имаме политика на двојни стандарди, рече премиерот.

Двојните стандарди не се европски вредности, вели Мицкоски. Вредностите се во преговарањето, разговарањето, разбирањето. Токму тоа и го понудил премиерот на Унгарија Орбан на средбата со Мицкоски минатата недела, кој рече дека неговата земја е спремна да биде посредник во преговорите со Бугарија – нешто што источниот сосед веднаш го одби.

И покрај ова, премиерот е дециден дека градењето на добри односи со соседите, макотрпната работа дома, спроведување на реформи и цврсти позиции кон идентитетот, може да не однесат кон ЕУ со зачувано достоинство.