Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

За македонските граѓани клучен фактор за вработување е висината на платата

Висината на платата  е најважниот фактор при изборот на работа за македонските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Висината на платата  е најважниот фактор при изборот на работа за македонските граѓани, кои посакуваат да имаат околу 700 евра месечни примања.  Ова го покажува најновато регионално истражување на Алма кариер Македонија. Исто така за најголем дел од исклучителна важност се и добрите меѓучовечки односи, на трето место  е работното време, а на четврто место доаѓа можноста за учење и професионален напредок. Сигурноста на работното место како клучен фактор е важна за секој петти испитаник.

За 71% од граѓаните најважна е висината на приходите, за 60%, тоа се односите во тимот, а за 35% тоа се флексибилноста во организацијата на работното време. 33 % од Македонците прифаќаат примања до 730 евра. 29% би сакале плата од 731 до 1060 евра, а само 20% од 1061 до 1330 евра. За плата од над 2000 евра, се одлучиле само 7% од испитаниците“, покажува истражувањето на „Алма Кариер Македонија.

Најголем дел од анкетираните, 46%, се изјасниле дека не,  добиле ниту,  очекуваат покачување, додека 21% се надеваат дека ќе го добијат до крајот на годината. Само 19 % добиле зголемување на плата, а 15 % добиле корекција поради инфлацијата. Од анкетираните, оние кои останале без работа, во најголем дел од нив, се невработени 3 месеци или помалку, само 10% бараат работа подолго од 5 години.  

Реклама

Половина од невработените 50% бараат било каква работа, без разлика дали е во струката или надвор од неа, додека 29% бараат работа исклучиво во струката. 32% од испитаниците се изјасниле дека никогаш не добиваат одговор на своите пријави, додека 38% ретко добиваат одговор. 11% добиле одговор на околу половина од пријавите“, покажува истражувањето на „Алма Кариер Македонија.

За да стекнат некое работно искуство пред вистинското вработување, 33% од испитаниците се подготвени да работат и хонорарно, а 58% се подготвени да посетуваат пракса. Никој не сака да волотнира.

За 47% од Македонците најпосакувани се приватните компании кои се со странско сопствеништво. 23% би работеле во домашните приватни компании, а само 13% се одлучиле за сопствен бизнис. Исто толкав процент би работеле и во државна администрација.

Според истражувањето и на Хрватите висината на платата им е најважниот фактор при вработувањето, додоека пак во Босна и Херцеговина меѓучовечките односи. Во Србија најголем број од испитаниците с еплашат од гувење на работните места и се повеќе сакаат да работат во приватен сектор.

Истражувањето на пазарот на труд, го направи компанијата „Алма Кариер Македонија“,Во анкетата учествувале над  5600 испитаници од регионот, од кои повеќе од 900 биле од Македонија.