Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Зa лекување или правда, граѓаните мора да платат, таква држава не може да напредува

Ако обвинителот бира за кого ќе отвори предмет, а за кого ќе…

Сподели:

Ако обвинителот бира за кого ќе отвори предмет, а за кого ќе премолчи и Судот носи пресуди по избор на политички центри, а не по Устав и закон, граѓанинот ја губи довербата дека ќе добие правда. Ова е клучен проблем во системската корупција на македонското општество, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски на дебатата за план и раст на земјите од Западен Балкан. Според него, корупицјата е системски проблем, а не индивидуална девијација. Доколку сакаме да влеземе во  ЕУ, Македонија мора да го урне таквиот систем, подвлече Мицкоски. Оценува дека најитни

 Ако сакаме во Европската Унија, ако сакаме раст мора да го урнеме тој систем. Имаме наследени ситуации во кои граѓанинот се чувствува понижен, беспомошен, принуден да „плати за да добие“ – било тоа лекарска помош, правна заштита или некаква административна услуга. Таква држава не може да напредува. А уште позагрижувачки е што институциите кои треба да се борат против корупцијата – обвинителството и судството – често пати се неми, неефикасни или пак, под политичко влијание. Реформите во правосудниот сектор се најитни. Без нив, сите други реформи се безвредни, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Во однос на реформите во правосудството коишто се под капата на Министерството за правда, при крај е работната верзија на измените и дополнувањата на Закон за судски совет. Од Министерството информираат дека наскоро ќе биде пратен на разгледување до Венецијанската комисија, а рокот според реформската агенда, е законот да биде изгласан до јуни. Се заоструваат критериумите за избор на членовите на Судски совет.

Реклама

Уредување на постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет.

Прецизирање на условите кои треба да ги исполнат кандидатите за член на Судскиот совет кои ги избира Собранието на јавен оглас или на предлог од претседателот особено во однос на појаснување на поимот „истакнат правник“;

Кандидатите да се истакнале со научна или професионална работа за прашања од областа на правосудството, да уживаат углед и да поседуваат интегритет за вршење на функцијата член на Совет, велат од Министерство за правда.

Покрај овие измени, Нацрт верзијата на новиот закон содржи и зајакнување на легитимитетот на процесот за избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите, како и уредување на процесот на нивно разрешување.

Правосудсниот систем во македонија одамна е во копалпс. Довербата на граѓаните во судскот систем е стопена на само 2 %. Речиси во сите извештаи на Европската Комисија, Макеоднија е критикувана за висока стапка на корупција и нефункционално судство.