Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

За Илинден Џафери во Крушево, Спасовски во Скопје, Пендаровски на Пелинце

На годинашната прослава на националниот празник Илинден претседателот на државата Стево Пендаровски…

Сподели:

На годинашната прослава на националниот празник Илинден претседателот на државата Стево Пендаровски треба да ја предводи делегацијата во Пелинце, претседателот на Собранието во оставка Талат Џафери во Крушево, а премиерот Оливер Спасовски ќе биде во Скопје.

Според владиниот заклучок од 76.седница, Организацискиот одбор за прославата на националниот празник Илинден 2020 година го предводи премиерот Оливер Спасовски, а во одборот да бидат вклучени претставници на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република С. Македонија и претставници од Секторот за односи со јавност на Владата.

Во врска со организацијата и прославата на државните празници, Владата го задолжи Министерство за здравство, преку Комисијата за заразни болести да обезбеди протокол за организација на државните настани во време на пандемија.

Реклама

За Илинден нема да се организира масовна прослава, а одбележувањето ќе биде според утврдени здравствени протоколи, со носење заштитни маски и држење физичко растојание. Надлежните велат дека за се има протоколи, но тие мора да се почитуваат за заштите од Ковид-19.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски, кој е и претседател на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ вели дека големиот Илинден и 117-годишнината од Илинденското востание ќе се прослават достоинствено, но очигледно ќе изостанат собирањата.

Манифестацијата традиционално почнува на 1 август. Крушево ги пречекува коњаниците, на Гумење се подигнува знамето на Републиката со пригодна програма. Во 10-те дена вообичаени се бројните културни настани во чест на значењето на Илинденското востание. Централната прослава е на 2 август, на Илинден, на Мечкин Камен.