Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

За хаваријата во Пинтија постапува Инспекторатот, вели Меџити

Веќе постапува Инспекторатот за животна средина кој е надлежен за терен и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе постапува Инспекторатот за животна средина кој е надлежен за терен и спроведување казни, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити во врска со  хаваријата во населбата Пинтија во Кисела Вода каде што вчера од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор се излеале хемикалии користени во производствениот процес.

На новинарско прашање што е преземено во врска со работењето на фирмата, Меџити денеска упати на информации кај раководителот на Инспекторатот кој сега функционира во рамки на Министерството.

Град Скопје вчера информираше дека на месотото на хаваријата биле пратени екипи на  ТППЕ Скопје за изолирање на инцидентот, а инспекторите од Град Скопје изготвиле записник за хаваријата.

Реклама

Како што информираше Град Скопје, за ваков тип хаварија покрај паричната казна за сторителот од 45. 000 евра, следува и затворање на погонот, како и налог за санирање на штетите предизвикани од инцидентот.