Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

За еден месец полицијата одзела 25 возила на подрачјето на СВР Охрид поради безобѕирно управување

Вкупно 25 возила одзела полицијата при контроли во сообраќајот на подрачјето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 25 возила одзела полицијата при контроли во сообраќајот на подрачјето на СВР Охрид од почетокот на имплементација на измените во Кривичниот законик, односно од 1 февруари, информира портпаролот Стефан Димоски.

За „Безобѕирно управување моторно возило“,  според информацијата, 11 возила се одземани во Струга, седум во Кичево, шест во Охрид и едно во Дебар.

– За управување моторно возило без возачка дозвола одземани се 12 возила, со активна забрана за возење – осум, четири возила биле управувани од лица под дејство на алкохол и едно нерегистрирано, појасни Димоски.

Реклама

Интензитетот на сообраќајни контроли, според него, е зголемен на целото подрачје.

– Се користат и мобилни електронски камери кои се поставуваат на различни места на сообраќајниците во и надвор од градот, се интензивираат и превентивните мерки и кампањи што ги спроведува отсекот за превенција при СВР Охрид. Целта е јакнење на свеста и совеста кај возачите на моторни возила и кај сите други учесници во сообраќајот, за нагласена внимателност при учество во сообраќајот и јакнење на безбедносната култура, вели Димоски.  

Забележува дека фреквенцијата и густината во патниот сообраќај на подрачјето на СВР-Охрид е во постојан пораст. Заради одржување на поволна безбедносна состојба во областа на сообраќајот, нагласи дека се преземаат плански мерки и активности на превентивен и репресивен план спрема возила и возачи. 

– Активностите и мерките во областа на патниот сообраќај на подрачјето на СВР-Охрид се насочени првенствено кон овозможување непречен, уреден и безбеден сообраќај и откривање на прекршоците кои се причина за случување на сообраќајните незгоди. Редовно се преземаат мерки со цел контрола на моторни возила, контрола на патиштата за следење на прекршоците кои се животно загрозувачки како што се (управување без возачка дозвола, управување под дејство на алкохол, непродолжена важност на сообраќајна дозвола како и други прекшоци), истакна портпаролот на СВР Охрид.

Упати апел за целосно и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи и на поставената сообраќајна сигнализација што смета дека значително ќе придонесе за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и за подигнување на сообраќајната безбедност на патиштата