Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

За два дена  пријавени над 100 верници за положувањето на  Светиот крст во водите на Радика

За само два дена над 100 верници се пријавени за положувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За само два дена над 100 верници се пријавени за положувањето на Светиот крст во водите на реката Радика што го организира Бигорскиот манастир. Во објавата на манастирот се вели дека по повод големиот христијански празник Богојавление, со благослов на Неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст и годинава ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите заинтересирани.  Се замолуваат сите заинтересирани, кои сакаат да земат учество во овој чин да се пријават кај надлежниот архимандрит, отец Доситеј на телефонскиот број +389 70 342 970.

-По објавата, за два дена пријавени се над 100  верници, од повеќе градови на нашата држава. Можност имаат да се пријавуваат и следните денови. Очекуваме да има повеќе од двојно. На свечениот чин на полагање на светиот крст во водите на Радика, по традиција, ќе присуствуваат претставници на општина Маврово и Ростуше, како и жители од долнореканските села, рече архимандрит Доситеј.

Според отецот многу е важно учесниците во чинот на полагањето на крстот во водата претходно да учествуваат и на Божествената литургија со примање на Светата причест.

Реклама

-Всушност самиот овој чин не треба да биде сфатен како еден обичен ритуал, ниту некаква натпреварувачка игра на којашто целта е само да се фати крстот, туку учесниците после Литургијата треба со литија да се упатат кон местото каде што ќе се осветуваат водите, и тука со најголема почит и внимание да ги слушаат прекрасните молитви на водосветот, без непристојно однесување и викање, бидејќи така си го отфрлаат благословот, додава отец Доситеј.

Што се однесува до богослужбите, по повод овој голем празник,  на 17 јануари, во 6:30 часот ќе биде одржана Божествена литургија, додека од 23 до 4 часот Традиционално реканско сеноќно бдение со Архиерејска божествена литургија, на којашто ќе чиноначалствува владиката Партениј.

-На 18 јануари,   од 4 до 4:30 часот Богојавленски Голем водосвет во манастирската фијала а во 19 часот празнична вечерна богослужба. На 19 јануари, на денот на празникот, во 8 часот, ќе биде одржана Божествена Златоустова литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во село Ростуше, на којашто ќе чиноначалствува владиката Партениј од каде во 9:30 часот ќе тргне торжествената Литија до „Ростушки мост“, каде ќе биде полагање на Крстот во реката Радика, стои во објавата на манастирот.

Минатата година по светиот крст скокнаа околу 300 верници а најсреќен беше Климент Танески од Ростуше.