Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Економија

За државата трошки, за приватниците милиони – Македонија од концесии наплаќа едвај десетина милиони евра годишно

За државата трошки за концесионерите богато . За четири години од 2018-2022…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За државата трошки за концесионерите богато . За четири години од 2018-2022 од концесија за доделување на површини за екслоатација на руда, Македонија  наплатила само 45 милиони евра, а само 1,7 милиони евра од експолатација на најквалитетниот мермер,  иако компании дебело профитираат од тоа. Државата во четири години издала стотици концесии, а наплаќала симболично.  Во бројки, профитот од мермер е буквално само еден процент од приходите од продажбата кој ги остварил концесионерот, утврдила Државна ревизија во извештајот за периодот од 2018 -2022 година.  Заклучно со 2022 доделени биле вкупно 348 концесии на 257 концесионери што е 1,3 % од вкупната територија на државата, а за експоалтација на мермер се доделени 29 концесии .  

За вршење на експлоатација на минерални суровини за периодот 2018 – 2022 година, наплатени се вкупно 2.781.024 илјади денари (околу 45 милиони евра) концесиски надоместоци од кои: 287.307 илјади денари (околу 4,6 милиони евра) надоместок за користење на простор, 2.487.581 илјади денари (околу 40,2 милиони) евра надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина и 6.136 илјади денари по основ на камата по двата основи, стои во извештајот од Државен завод за ревизија

Ревизорите утврдиле дека мерките и активностите кои се преземаат од страна на надлежните институции не обезбедуваат сигурност за оптимална искористеност на минералите и не гарантиираат навремена наплата на надоместоците од концесионерите. Дополнително, висината на надоместоците кои државата ги определила е на ниско ниво, а начинот на пресметка не ги прикажуваат реалните цени и не се правични во однос на продажните цени кои ги остваруваат концесионерите.

Реклама

Со извршената ревизија и обезбедените докази стекнавме разумно уверување дека мерките и активностите кои се преземаат од страна на надлежните институции не обезбедуваат целосна подготвеност и сигурност за остварување на оптимална искористеност на минералните суровини, сеопфатна и навремена наплата на концесиските надоместоци и ефикасен систем на надзор над реализацијата на склучените договори, Државен завод за ревизија

Ревизорите алармираат неопходно е да се зајакне правната и стратешката рамка за тоа како се доделува и одзема правото за експлоатација на минерални суровини, а воедно и за постапката за доделување и одземање на концесиите Потребно е да се зајакне и механизмот за надзор и контрола над концесионерите.

Наспроти ова, минатата година во Парламентот во скратена постапка  беа изгласани измените на законот за минерални суровини кои беа во пакет со останатите закони кои се носеа за потребите на „ Бехтел и Енка“ .  Со измените на законот концесијата може да се издаде директно на инвеститор за потреба на европски патни коридори од стратешки интерес, а откако ивеститорот ќе поднесе барање за концесија  државата треба за пет дека да даде предлог и одлука за доделување на концесија а по 15 дена од приемот ќе се донесе решение за доделување концесија за детални геолошки истражувања.