Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

За Денот на пожарникарите ЕВН Македонија донираше четирцикл за гасење шумски пожари за ТППЕ Кочани

Во присуство на пожарникари, доброволци и претставници на локалните самоуправи од регионот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во присуство на пожарникари, доброволци и претставници на локалните самоуправи од регионот, денеска во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани беше одбележан 20 Мај – Денот на пожарникарите.

По повод празникот, ЕВН Македонија донираше четирицикл наменет за интервенции и гасење шумски пожари, со што дополнително ќе се зајакнат капацитетите на кочанските пожарникари. 

Традиционалната награда за најдобар пожарникар за минатата 2025 година му беше доделена на Горан Стојанов, кој зад себе има десетгодишно искуство во службата. За најдобар доброволец – пожарникар е прогласен Гоце Василков. Тој, од самиот  почеток  е дел од ДПД – Кочани. Признанијата ги врачи градоначалникот Владко Грозданов. 

Реклама

Според командирот на ТППЕ – Кочани, Драган Апостолов, во текот на 2025 година биле реализирани вкупно 315 интервенции. Градоначалникот Грозданов им упати благодарност на професионалните и доброволните пожарникари за нивната посветеност, пожртвуваност и професионален однос во заштитата на граѓаните и справувањето со пожарите и другите непогоди. 

На свеченоста присуствуваа и градоначалниците на Чешиново-Облешево, Јорданче Костадинов, како и на Зрновци, Ванчо Митев. 

Во рамки на одбележувањето на Денот на пожарникарите, командирот Апостолов додели благодарници и на општествено одговорните компании што ја поддржуваат работата на единицата, меѓу кои ЕВН Македонија и Видео Лотарија на Македонија.