Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

За да биде проширена, позитивната листа на лекови го чека новиот Управен одбор на Фондот за здравство

Прво нов Управен одбор на Фондот за здравство – па проширување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прво нов Управен одбор на Фондот за здравство – па проширување на позитивната листа на лекови. Според министерот за здравство Таравари, пари има за да се одобрат нови лекови на рецепт а не се спорни ниту деветте медикаменти кои е најавено дека ќе се најдат на новата листа.

„Има и пари, нема никаков проблем, само чекаме да се избере новиот Управен одбор. Значи, Управниот одбор се уште не е комплетиран. Инаку, од наша страна е испратено пред две недели со согласност од Фондот. Штом ќе има прва седница Управниот одбор на Фондот позитивната листа ќе ја промовираме заедно со директорот на Фондот за здравство“, изјави министерот Таравари.

Во првата група, до Фондот биле предложени девет генерички лекови за хипертензија, срцева слабост, превенција на артеро-тромбоза, Алцхајмерова болест и депресија..

Реклама

“Со ова, после 15 години ќе биде проширена позитивната листа за првпат, а до крајот на годината се надевам ќе ја прошириме и со нови неколку лекови”, кажа Таравари.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување рече дека има дупки во здравствениот буџет но и многу побарувања и очекувања од болници и клиники, според него за десетина дена ќе се знае што ќе биде со Позитивната листа.

Во меѓувреме, пацинетите се осудени современи поефикасни лекови да ги купуваат на приватно,иако плаќаат здравствено осигурување.

Неколку министри досега најавуваа обновување на позитивна листа, но досега тоа не се случи. Не е променета повеќе од една деценија, а на неа има лекови кои одамна се исфрлени од употреба во многу земји.