Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Економија

За 45 минути до Приштина, но кога? 12-те километри автопат можеби нема да се завршат до 2023-та година

За помалку од еден час ќе се вози од Скопје до Приштина,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За помалку од еден час ќе се вози од Скопје до Приштина, но кога? Владата прво најави дека целиот автопат од 12.5 километри ќе биде завршен до 2023 година, краен рок кој како предолг беше критикуван од бизнисмените. Сега, пак, надлежните најавуваат дека е можно и тој да биде пробиен. Голем труд и напор е вложен од сите институции за препроектирање на патот Скопје-Блаце. Ова е одговорот на надлежните на бројните критики дека кратката делница предолго ќе се гради.

„Неблагодарно е да се каже точно кога ќе биде. Тоа што за мене, имајќи го в предвид искуството во овие 20 години е дека процесот го ставивме во иреверзибилна фаза„ – вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

„ Овие проекти се од пред 20 години, влегуваат во индустриската зона Визбегово, влегуваат во гробиштата во Бутел, така да, тоа не е едноставно. Проект за изградба на автопатишта не е ни најмалку лесна работа. Напротив, сака голем труд“ – рече Горан Сугарески, министер за транспорт.

Реклама

Првата фаза од два километри од границата до селото Блаце која треба да биде завршена за 18 месеци ќе чини 12.2 милиони евра, а тендерот го доби Гранит. Градежните работи требаше да почнат минатата пролет, но доцнат една година. Дотогаш треба да се завршат 68 експропријации на земјишта. Во Владата се оптимисти дека овој процес ќе биде завршен навреме, но не го откриваат буџетот кој ќе биде потрошен за оваа намена. Највисоката цена ќе изнесувала 50 евра за метар квадратен.

– Бирото за судски вештачења веќе направи проценка на вредноста на парцелите и очекувам до подобрувањето на временската ситуација да се најде решение и да заврши процесот на експропријација. Во секој случај станува збор за проект од државен интерес поради што не може да се стопира градбата, единствено сопствениците на парцелите може да ја обжалат понудената цена во суд, но тоа не не спречува да продолжиме со градбата, рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Автопатот Скопје-Блаце ќе чини меѓу 110 и 120 милиони евра. Првата фаза е целосно финансирана од ЈПДР во вредност од над 12 милиони евра. За втората фаза пари ќе се обезбедат преку заем од ЕБОР и грант од ИФЗБ.

Тања Попова