Повеќе од 70 млади лидери од сестринските партии на Европската народна партија од цела Европа во наредните денови во Скопје ќе дебатираат за иднината на регионот во време на голбални предизвици и технолошки пресврти.
Во фокусот на дискусиите се стабилноста, вештачката интелегенција и младинските политики, теми кои дирекно ќе го одредат правецот во кој ќе се движи Европа , но и Западен Балкан. Скопје , овие денови , станува центар каде што младите политички генерации од целиот контитент не само што ќе разменуваат искуства туку и ги поставуваат темелите на идните политики.
Вицепремирот Александар Николоски порача дека токму од вакви средби произлегуваат идните лидери на Европа, потсетувајќи дека многумина кои биле дел од вакви настани, денес се веќе дел од европскиот политички врв.

Ова е организација којашто, од којашто излеголе голем број на европски политичари. Јас се сеќавам во времето кога јас бев претседател на Унијата на млади сили во периодот помеѓу две илјади и четврта и две илјади и осма година.Дел од тие луѓе со коишто тогаш комунициравме, дружевме, се гледавме, сега се во врвот на европската политика, така што сум убеден дека и оваа генерација којашто овие денови е во Скопје е следната генерација на европскиот континент. Секако, предизвиците сега се различни, пред сè во делот на мирот и стабилноста, од една страна во Европа и во светот, а од друга страна технолошкиот напредок којшто треба да го следиме и сум убеден дека овие три дена во Скопје ќе бидат доста интензивни – вели Николоски.
Според претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ , Сергеј Попов , токму овие контакти и размена на идеи создаваат генерација на политичари кои утре ќе ја водат Европа.
Домаќини сме на млади луѓе од, од сите сестрински партии на ВМРО ДПМНЕ коишто се членки на Европската народна партија. Домаќини сме на над седумдесет млади луѓе коишто се идни млади политичари од цела Европа. Овие прилики се одлични за размена на искуства во насока на креирање на младински политики и превземање на позитивни примери од странство во однос на креирањето на тие младински политики. Но, многу е важно и нашата генерација или структура на млади политичари во Унијата на млади сили уште од сега да се вмрежува со своите колеги од Европа и светот, бидејќи никогаш не знаете кој од овие луѓе млади коишто се дојдени од Европа, ќе стане некој висок политичар, рече Попов.
Од фондацијата „Конрад Аденауер“ порачуваат дека континентот мора да се гледа како целина, а младите да бидат во центарот на трансформацијата, особено во образованието и примената на вештачката интелигенција.
Кога зборуваме за теми, насловот на тековната конференција е стабилноста и вештачката интелигенција. Стабилноста, да, гледаме колку е важно Европа да може да се движи напред. И кога зборувам за Европа, тогаш не зборувам за ЕвропскатаУнија. Зборувам за целиот континент, а Македонија, секако е дел од тоа, и затоа е многу важно да ja гледаме Европа како континент, како целина, вели Браун.
Во наредните два дена, младите лидери ќе имаат средби и со највисоки државни претставници, носејќи ги своите идеи директно до институциите.
