Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Свет

Вучиќ по средбата со Кошта: Атмосферата за отворање поглавја во ЕУ „не е многу добра“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека е свесен дека многу функционери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека е свесен дека многу функционери во Европската унија не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе бидат разбирачки и дека Белград наскоро ќе може да го отвори третиот кластер.

По разговорот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Палатата на Србија, Вучиќ изјави дека е задоволен од средбата и дека на неа се разговарало за дијалогот со Приштина, зачувувањето на регионалниот мир, потребата од реформи во Србија и заминувањето на Вучиќ во руската престолнина.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека во процесот на европска интеграција на Србија „топката е на нејзиниот терен“ и апелираше до српските власти да не губат време, да ги спроведат потребните реформи и да го искористат моментумот што постои во Унијата. Тој, исто така, нагласи дека дијалогот меѓу Србија и Косово е клучен, како и јасната осуда на руската инвазија на Украина. Коментирајќи го заминувањето на Вучиќ во Москва за да го прослави Денот на победата, и покрај пораките од Брисел да не го стори тоа, Кошта рече дека српскиот претседател му објаснил дека отишол да одбележи настани од минатото.