Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Балкан

Вучиќ нема да се сретне со европската делегација во посета на Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да се сретне со делегацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да се сретне со делегацијата на Европскиот парламент која најави посета на Белград, оценувајќи дека „доаѓа непоканета“ и дека нема причина да „губи време“ со европратеници кои, според него, ја мразат Србија.

Делегацијата на Европскиот парламент треба да биде во Белград од 22 до 24 јануари. И претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, порача дека ниту таа нема да се сретне со европратениците, наведувајќи дека посетата е без покана и дека во тие денови ќе биде во Естонија.

Одбивањето на средби со европратеници се случува по период во кој Европскиот парламент ја заостри реториката кон Белград.