Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Конески: Младите добиваат конкретна поддршка, 20% поевтини станови за млади брачни парови до 35 години, нула комуналии за изградба на дом и конкретни студентски поволности

Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на една од националните телевизии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на една од националните телевизии изјави дека владата презема конкретни чекори за подобрување на условите за живот на младите. Тој посочи дека се предложени три мерки, од кои две се конкретно насочени кон младите брачни парови до 35 години, со цел да им се овозможат поволни услови за решавање на станбеното прашање и создавање сигурна иднина во сопствената држава, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Претседател на владата, проф. д-р  Христијан Мицкоски излезе со три предлог-мерки коишто, како што кажа, практично во наредната фаза ќе бидат обработени. Тие три мерки беа фактички две мерки коишто опфаќаат одредени поволности за млади брачни парови до 35 години за едно од најгорливите прашања кај младите луѓе, а тоа е домувањето“, кажа Конески.

Според Конески, предложените мерки носат конкретна поддршка за младите и директно одговараат на нивните реални потреби. Тој додаде дека предвидено е 10% од новоизградените станбени единици да бидат наменети исклучиво за млади брачни парови до 35 години, со најмалку 20% поповолна цена, како и ослободување од плаќање комуналии за младите при изградба на сопствен дом. Дополнително, како што рече, со дигиталната апликација м.услуги се предвидуваат олеснувања и привилегии за студентите, вклучително и користењето на студентскиот оброк.

Реклама

„Првата беше дека 10% од сите нови станбени единици ќе бидат обезбедени само за младите луѓе и тие ќе бидат со најмалку 20% попуст. Понатаму, во општините нема да треба да плаќаат комуналии при изградба на куќа, а третата мерка беше во однос на студентите за користење на студентскиот оброк и за останати привилегии преку апликацијата м.услуги. За првите две мерки коишто треба да бидат преточени во закон или се влегува во фаза на обработка не би можел да дадам точни гаранции кога би стапиле на сила, но ќе се влезе во фаза на работа и се надевам дека сите постапки ќе поминат најбрзо што можат со цел што побрзо тие мерки да станат ефективни и да можат младите брачни парови до 35 години да ги почувствуваат тие бенефиции“, рече Конески.