Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Андоновски: Македонија треба да стане место за развој на дигитални решенија и инвестиции со висока додадена вредност

Македонија треба да стане место каде што се создаваат дигитални решенија, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија треба да стане место каде што се создаваат дигитални решенија, се развиваат компании и се привлекуваат инвестиции со поголема додадена вредност, порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски по учеството на конференцијата на Американската стопанска комора во Македонија (AmCham).

Во објава на Фејсбук по конференцијата, Андоновски истакнува дека амбицијата е овие цели да се претворат во конкретни проекти, при што клучен акцент треба да се стави на практични и ефикасни услуги за граѓаните и бизнисите.

– Имаме талентирани луѓе и домашни компании со меѓународно искуство. Наша задача е да обезбедиме предвидливи правила, сигурна дигитална инфраструктура и институции што постапуваат навреме – вели Андоновски.

Реклама

Тој нагласи дека за инвеститорите и домашните компании се важни практичните аспекти на работењето, како времетраењето на административните постапки, можноста тие да се завршат онлајн и размената на податоци меѓу институциите.

– Затоа ги поврзуваме дигиталните услуги со административните реформи, кибербезбедноста и усогласувањето со европските правила – посочи министерот.

Според него, преку иницијативите „Везилка“, „ДИГИТМАК“ и „ИННОФЕИТ ЕДИХ“ се отвораат можности и за малите компании да користат вештачка интелигенција, да развиваат нови производи и да ги унапредуваат вештините на своите вработени.

– Во следните две до три години, успехот треба да го мериме со повеќе постапки што се завршуваат целосно дигитално, пократки рокови и повеќе компании што ги применуваат новите технологии – наведе Андоновски.

Министерот Андоновски потенцира дека очекува силно партнерство со бизнис-заедницата во утврдувањето на пречките, развојот на кадри и креирањето решенија што ќе имаат практична примена.