Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Второ порибување на Маврвско Езеро во пресрет на Светско првенство во риболов на крап

Вработените во ЈП национален парк „Маврово“ во соработка со Македонската риболовна федерација,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработените во ЈП национален парк „Маврово“ во соработка со Македонската риболовна федерација, ја спроведе втората фаза од порибувањето на Мавровското Езеро со 2.090 кг. крап. Порибувањето е дел од активностите во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, кое оваа година ќе се одржи токму на Мавровското Езеро.

Од МРФ информираат дека оваа активност е продолжение на напорите за збогатување и заштита на рибниот фонд во водите на Националниот парк Маврово и создавање подобри услови за развој на спортскиот риболов и зачувување на природниот баланс на езерото. На почетокот на мај, во езерото беа пуштени два тони крап со што значајно се подбри рибниот фонд во езерото.

– Македонската риболовна федерација го реализираше второто фазно порибување на Мавровското Езеро со крап, при што беа пуштени дополнителни 2000 кг риба, во соработка со Национален Парк „Маврово“ и со значајна поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и министерот Цветан Трипуновски, се наведува во информацијата на МФР.

Реклама

Воедно, ЈУНП Маврово испратија потсетување до сите спортски риболовци дека е во сила забрана за лов на крап, која ќе трае до завршувањето на Светското првенство.

– Апелираме до сите посетители и љубители на спортскиот риболов да ги почитуваат правилата и со одговорно однесување да придонесат кон зачувување на природните вредности и унапредување на рибниот фонд во Мавровското Езеро наведуваат од НП „Маврово“.

Светското првенство во лов на крап на Мавровско Езеро – септември 2026 е еден од најголемите спортско-риболовни настани што некогаш ќе се одржат во Македонија. Според најавите, првенството треба да се одржи од 2 до 5 септември. Според рангот ова е најпрестижното натпреварување во спортски лов на крап учествуваат репрезентации/тимови од повеќе држави. Вообичаениот формат на натпреварот е да трае од 72 до 120 часа (нонстоп риболов) со тимови од 2 – 4 натпреварувачи. Победник е тимот со најголема вкупна тежина на уловен крап.згм/лв