Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Свет

Втор скандал на хегсет со чет група, откриваат американските медиуми

Нов проблем за министерот за одбрана на САД. Според медиумите тој открил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов проблем за министерот за одбрана на САД. Според медиумите тој открил доверливи детали за напади во Јемен и во друга чет група на апликацијата Сигнал.

Во неа имало 13 лица, меѓу кои и неговите сопруга и брат. Можно е во пресрет на нападот врз позиции на Хутите во март, за тоа да била информирана поголема група луѓе, пренесуваат весникот Њујорк Тајмс и телевизијата Си-ен-ен. Според нивните наводи, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет за претстојниот напад пишал и во друга група на апликацијата за пораки Сигнал. Во т.н. чет група членови биле неговата сопруга Џенифер, неговиот брат Фил и неговиот адвокат. И неговиот брат и неговиот адвокат работат како консултанти за Министерството за одбрана.

Според Си-ен-ен нејасно е дали двајцата мажи и сопругата на Хегсет имаат безбедносен сертификат. Според медиумите Хегсет ги споделил истите информации за нападот што беа објавени од страна на „Атлантик“ минатиот месец, вклучително и временскиот распоред за воздушните напади. Комерцијалната апликација за комуникација Сигнал е слободно достапна на пазарот и не смее да се користи за споделување чувствителни информации од воен карактер. Според извештаите од различни американски медиуми, Хегсет користи Сигнал на приватен паметен телефон.