Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Врховниот суд донел одлука за одземање на работнички дом на ССМ – претседателот на ССМ Трендафилов обвинува за фашизам

Фашизмот во Македонија се враќа на голема врата, тоа е вистинската причина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фашизмот во Македонија се враќа на голема врата, тоа е вистинската причина поради која сакаат да ни го одземат имотот, порача раководството на ССМ. Претеседателот на најголемата синдикална организација Слободан Трендафилов, побара оставка од претседателката на врховен, затоа што судот одлучил да им го одземе работничкиот дом во Скопје, спротивно на дузина пресуди во минатите децении. Судиите од врховен процениле дека во доцните 50ти години на минатиот век, синдикатите немале доволно пари за да го изградат работничкиот дом, па сега треба да им се одземе.

Од ССМ додаваат дека очигледно власта се обидува да ги дисциплинира, поради протестите кои постојано ги организираат и најавија тужби во меѓународните судови.

  • „Во Македонија во 2023 година се случува фашизам и е недозволиво. Нападот на Сојузот на синдикати на Македонија е напад на секој еден работник во државата. Обезглавувањето на ССМ, стапнувањето со чизма на вратот на лидерот на борбата на работниците нема да дозволиме да биде стапнување на функционерска чизма во работничкиот дом. Нема да дозволиме работничкиот дом кој опстојува повеќе од 70 години, да стане функционерски или судски дом. Ќе се бориме против сите што сакаат да земат од устата на работниците.“ – Изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Од сојузот на синдикати се сомневаат во улогата и личните намери на претседателката на врховниот суд, бидијќи и во 2005, во улога на заменик народен правобранител, веќе се обидела да им го одземе работничкиот дом.

Реклама

Тие предупредуваат дека во државата има многу станови, семејни домови и други објекти кои во минатиот систем биле општествен имот, па ако помине овој правен преседан, ќе може да се искористи за на огромен број граѓани да им ги одземат домовите.

  • „Загрижува тоа што утре, на било кој во ова општество може да му текне да одземе имот што е граден во тој период. Тука се политички партии, разни други организации и правни лица. За жал, оба може да е погубно за граѓаните во државата, ако имаме во предвид дека најголем дел од нашите родители имаат купено општествени станови, во општествени згради. Згради од општествен интерес. Живееме во такви станови. Утре некој ваков корумпиран дусија, суд, може да донесе одлука да ни ги земе нашите домови.“ – Порача Трендафилов.

Оттаму исткнаа дека овие случувања нема да ги замолкнат и оти ќе продолжат да организираат протести и да се борат за работничките права, а на врховниот суд му објавија војна и порачаа оти претседателката ќе се покае што судскиот совет не ја разрешил.

Никола Цветкоски