Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

„Вреди“: Зад студентските транспаренти се крие раката на ДУИ

ДУИ е распадната партија. Не може да се опорави од казната што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ е распадната партија. Не може да се опорави од казната што Албанците ѝ ја испорачаа на избори. Затоа сега го прави истото што го правела секогаш кога ѝ гори под нозе. Го фрла каменот, па ја крие раката. По 20 години власт врз грбот на Албанците, со истите вечни фотелјаши на чело, оваа партија сега ги засука ракавите како очајна по власт. Како лицемери што се, заедно со неколку „студенти“ вовлечени во нивната валкана политичка игра, се обидуваат студентските транспаренти да ги користат како мамка за враќање на власт, се вели во соопштението од „Вреди“.

Бујар Османи, Арбер Адеми, Блерим Беџети и целата нивна тајфа немаат гајле за студентите. Немаат гајле ни за албанскиот јазик. Гајле им е само за себе, за власт, привилегии и пропаднати кариери. Затоа ги манипулираат студентите и ги користат како алатка за повторно да се дограбат до власт.

Правосудниот испит никогаш не се полагал на албански јазик, а тоа и самите го признаваат. Тогаш зошто не го решија кога имаа сè во свои раце? Зошто не го направија тоа кога имаа министри, пратеници, технички премиер, претседател на Собранието, директори и апсолутна власт? Затоа што не ги интересираше. Затоа што живееја во друг филм, во свет на луксуз, арамилак и агалук врз грбот на Албанците.

Реклама

Ние јасно кажавме дека правосудниот испит на албански јазик, како и многу други прашања што ДУИ ги остави на пола пат, ќе ги решиме. Како што со закон го решивме прашањето на медресантите, кои тие со години ги лажеа, така ќе ги решиме и другите прашања што ДУИ ги користеше само за пропаганда.

Затоа ги повикуваме искрените студенти да не дозволат да бидат топовско месо за Бујар Османи, Арбер Адеми, Блерим Беџети, Фатмир Бесими, Талат Џафери и една шака луѓе што не можат да живеат без политички агалук.

Албанците ја дадоа својата пресуда на избори. На ДУИ времето ѝ истече.