Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

„Вреди“: Веста дека кај судија се најдени 350 илјади евра, пари осомничени за корупци, ја уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем

Веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се најдени 350 илјади евра, пари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се најдени 350 илјади евра, пари осомничени за корупција, не е само индивидуален скандал. Оваа вест ја уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем, се вели во соопштението на „Вреди“ од денешната прес-конференцијата на нивниот портпарол Дритон Сулејмани.

„Вреди“ е убедена дека ова не е изолиран случај, туку врв на ледениот брег на еден скапан систем, кој со години ги штити силните, а ги угнетува обичните граѓани. Она што ја прави ситуацијата уште поалармантна е фактот дека Ѓоко Ристов не е непознато име за правдата. Напротив. Тој, заедно со судијата Енвер Беџети, сега прогласен за нон грата, беше дел и од судските одлуки што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков, симболот на заробената држава, кој денес слободно вози „ферари“ во Монако.

Потсетуваме дека Енвер Беџети беше санкциониран како нон грата заедно со бегалецот од правдата, исто така нон грата – Артан Груби, токму врз основа на сомневања дека влијаеле врз одлуките што му овозможиле на Сашо Мијалков да ужива во слободата и да го троши своето богатство. Ако некој мисли дека ова се случајности, тогаш не разбира зошто граѓаните се револтирани.

Реклама

Затоа денес поставуваме неколку конкретни прашања:
– Во колку други случаи биле вклучени Ѓоко Ристов и Енвер Беџети?
– Во колку случаи биле дел од одлуки за притвор, финансиски гаранции или одложувања на постапките?
– Кои конкретни одлуки доведоа до ослободителни пресуди и избегнување одговорност за моќници?

Главното прашање што останува е кој ги држел овие луѓе на овие позиции толку години и зошто?

„Вреди“ е свесна дека работата што претстои е огромна. Но за едно нешто не може да се преговара: целосни и независни истраги. Конкретна одговорност, со имиња и презимиња. И радикално чистење на систем скапан до срж.