Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВРЕДИ: Уште едно исполнето ветување, вкупно 600 специјализанти во јавното здравство

Откако ја добивме довербата да ги водиме институциите, пред себе имавме една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако ја добивме довербата да ги водиме институциите, пред себе имавме една цел. Да го подобриме животот на граѓаните. Во изминатите 24 месеци постигнавме видливи резултати во повеќе области, а во здравството започнавме промени што директно ги почувствуваа лекарите, пациентите и нивните семејства, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Едно од нашите главни ветувања беше вработувањето на 600 приватни специјализанти во јавното здравство. Сега, со одлуката на Владата за вработување на втората група од 300 специјализанти, ова ветување се исполнува.

Првата група од 300 специјализанти веќе е вработена, а постапката за вработување на втората група продолжува. Целта е овој процес да заврши до крајот на годинава.

Реклама

Ова е можност уште 300 млади лекари, кои ја започнале специјализацијата со сопствени средства, да станат дел од јавниот здравствен систем и да ја градат својата иднина тука, во својата земја.

Истовремено, болниците кои со години се соочуваат со недостиг од специјалисти ќе бидат зајакнати со кадарот што им е потребен. Предност ќе имаат општите и клиничките болници надвор од Скопје, како и специјализациите во кои недостигот од лекари е најголем.

Ова е особено важно за граѓаните на Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и другите градови. Тие не треба да губат цел ден, да трошат пари за пат и да патуваат до Скопје за преглед што можат и треба да го добијат во близина на својот дом.

Не е доволно само да градиме болници и да набавуваме опрема. На болниците им се потребни лекари. Затоа, покрај историската инвестиција од 74 милиони евра во Клиничката болница во Тетово и отворањето на патот за изградба на новата болница во Кичево, инвестираме и во луѓето кои се грижат за здравјето и спасуваат човечки животи.

Ветивме вработување на 600 специјализанти и го исполнуваме ветеното. Младите лекари ќе ја градат својата иднина тука, болниците ќе бидат кадровски зајакнати, а граѓаните ќе добиваат здравствени услуги поблиску до местото на живеење.