Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

ВРЕДИ: Тоа што не беше направено 25 години, се реализира за 25 месеци, Албанскиот ансамбл се комплетира со 45 решенија за вработување

Кадарот на ВРЕДИ, заменик-министерот за култура Седат Сулејмани, заедно со директорот на Албанскиот ансамбл на песни и ора, Јетмир Реџепи, го финализираа еден од најзначајните процеси за консолидација на Албанскиот ансамбл на песни и ора, една од најважните и најрепрезентативните институции на албанската култура во земјата, се наведува во партиското соопштение. Со потпишувањето на последните […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кадарот на ВРЕДИ, заменик-министерот за култура Седат Сулејмани, заедно со директорот на Албанскиот ансамбл на песни и ора, Јетмир Реџепи, го финализираа еден од најзначајните процеси за консолидација на Албанскиот ансамбл на песни и ора, една од најважните и најрепрезентативните институции на албанската култура во земјата, се наведува во партиското соопштение.

Со потпишувањето на последните пет решенија за вработување, заврши третата и последна фаза од систематизирањето на уметниците, со што ансамблот се комплетира со вкупно 45 решенија за вработување.

Уште од првите денови се обврзавме дека ќе го решиме статусот на уметниците кои останаа без работа по прекинувањето на нивните договори од страна на претходното раководство. Денес, тоа ветување е целосно исполнето.

Реклама

За ВРЕДИ, ова е уште еден доказ дека кога постои политичка волја, резултатите не изостануваат. Повеќе од две децении, многу проблеми на албанските уметници и културни институции останаа нерешени. Денес, по само 25 месеци владеење, се реализираат процеси кои 25 години беа оставени во заборав.

Комплетирањето на ансамблот со 45 решенија за вработување претставува инвестиција во албанската култура, националниот идентитет и достоинството на нашите уметници. Покрај овие вработувања, во овој период во културните институции се реализирани и над 80 други вработувања.

Тоа што не беше направено 25 години, се реализира за 25 месеци. Тоа е разликата меѓу политиката на ветувања и политиката на резултати.