Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

ВРЕДИ: Со нова визија за децентрализацијата и локалната власт

За ВРЕДИ, демократијата започнува таму каде што граѓанинот го живее своето секојдневие,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За ВРЕДИ, демократијата започнува таму каде што граѓанинот го живее своето секојдневие, во општината, во маалото, во училиштето, на улицата што ја користи и во услугите што ги добива. Токму затоа децентрализацијата има централно место во програмата на ВРЕДИ, се наведува во партиското соопштение. 

ВРЕДИ и дава ново значење на децентрализацијата. За нас, тоа подразбира одлучувачка автономија за општините, фискална децентрализација, поголем простор за прекугранична соработка, поттикнување на локалниот економски развој и посилна улога на локалната власт во основното и средното образование.

ВРЕДИ се залага општините да имаат јасни надлежности, средства и право самостојно да одлучуваат за своите развојни приоритети. Тоа подразбира фискална децентрализација, локален економски развој и прекугранична соработка со општините од регионот. Стратешкиот проект Тетово–Призрен е конкретен пример за оваа визија, бидејќи ја зајакнува инфраструктурната, економската и развојната поврзаност меѓу граѓаните од двете страни на границата.

Реклама

Овие што глумат патриоти никогаш гајле немале за децентрализацијата. Беа зафатени со лоповлук. Затоа, каде и да владееја, оставија пустош зад себе, општини без вода за пиење, без развој и без нормални услуги за граѓаните. Албанците ја видоа оваа лага и на изборите ги тргнаа.

Тие се веќе минато. ВРЕДИ, преку својата политичка програма, отвора ново поглавје за локалната власт. Поглавје во кое општините не се гледаат како плен, туку како институции со вистински надлежности за да им служат на граѓаните.

ВРЕДИ се залага за нова фаза на децентрализација, каде што локалната власт ќе биде носител на развојот. Тука е разликата меѓу политика што само зборува и политика што работи.