Реклама

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Македонија

ВРЕДИ: Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот

Сонцето на надежта за нашите млади свети посветло од кога било. Со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сонцето на надежта за нашите млади свети посветло од кога било. Со Оперативниот план за вработување за 2025 година, од вкупно околу 13.000 лица планирани за вклучување, 8.576 или 70,9% се млади луѓе до 29 години. Ова е јасен показател за определбата на помладата генерација да го пронајде своето место на пазарот на трудот и да ја гради иднината со свои раце, стои во соопштението од ВРЕДИ.

Во најатрактивната мерка за вработување, Самовработување за поддршка на претприемништвото, осносно отворање личен бизнис, од вкупно 2.755 планирани нови бизниси, 1.896 се отворени од млади луѓе до 29 години. Ова е голем успех што докажува дека енергијата, креативноста и храброста на младите луѓе се двигател на економскиот развој.

Овие факти се повеќе од статистика: тие се жива надеж, тие се доказ за упорноста на нашите млади, кои не се откажуваат пред предизвиците, туку ги трансформираат во можности.

Реклама

ВЛЕН риафирмира дека поддршката на младите е незапирлив приоритет. Ние ќе продолжиме да бидеме покрај нив, давајќи им го сонцето на надежта, силата на упорноста и вербата дека иднината се гради со чесна работа и јасна визија.