Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

ВРЕДИ: Груби си го бара пасошот за 335 илјади евра, народот си ги бара децата

Казиноманот Артан Груби си го бара пасошот назад. Неговата одбрана понудила недвижен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Казиноманот Артан Груби си го бара пасошот назад. Неговата одбрана понудила недвижен имот вреден преку 335 илјади евра како гаранција. Сега јавноста со право бара објаснување чиј е имотот и како е стекнат,  наведува ВРЕДИ во соопштение.

Граѓаните знаат колку години се работи за еден покрив над глава. Затоа оваа сума боде очи. Народот врзува крај со крај, а само за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса. Ако имотот е негов, толку ли има заштедено од функционерска плата?

А што правеше Артан Груби додека народот ги пакуваше куферите? Тој и неговата партија го сееја коцкањето по секое маало. Црната кутија на ДУИ сега си го бара пасошот, ама има уште многу да објаснува. Заврши и на американската црна листа поради корупција и за брутално мешање во правосудството.

Реклама

Нереформираната ДУИ со децении им зборуваше на Албанците дека без неа нема иднина. По толку години власт, премногу семејства иднината ја бараа на автобуска станица, со билет во еден правец. Децата заминуваа. Врхушката без гајле си бараше гласови и продолжуваше по старо.

Албанците доволно платија за политиката на ДУИ, со изгубени години и разделени семејства. Додека народот се разделуваше од децата, врхушката не се разделуваше од фотелјите. Денес Груби си го бара пасошот. Народот си ги бара децата дома.