Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Вреди“: Граѓаните имаат право да знаат дали јавниот интерес бил жртвуван за бизнис и партиски интереси на ДУИ

Поминаа четири дена откако во јавноста излегоа сериозни наводи поврзани со бизнисот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поминаа четири дена откако во јавноста излегоа сериозни наводи поврзани со бизнисот со заштитни огради, а јавноста сè уште не доби јасен одговор на она што е најважно. Со години ДУИ ни продаваше приказни за Европа. Денес слушаме дека европска компанија била тргната настрана, додека просторот бил отворен за компанија од Србија, се вели во соопштението на „Вреди“ од денешната прес-конференција на Даут Мемиши.

Ова не е мала работа.

Не зборуваме само за компании и договори. Зборуваме за милионски бизнис, за парите на граѓаните, за интереси однадвор и за заштитни огради кои треба да штитат човечки животи.
Во својот одговор, Ејуп Рустеми се обидува дебатата да ја префрли на тоа дали Јавното претпријатие за државни патишта распишало или не распишало тендер. Но тоа не е суштината.

Реклама

Суштината е сосема друга.
Дали бил вршен притисок врз европската компанија?
Дали бил отворен простор за компанија од Србија?
Дали компаниите биле насочувани од каде да ги набавуваат заштитните огради?

На овие прашања Рустеми не дава одговор.
Ако сите објавени информации се невистинити, тогаш зошто Рустеми не реагираше кога беше објавен текстот, туку реагираше дури откако „Вреди“ побара постапување од Обвинителството на Ислам Абази?

Затоа повторно прашуваме.

Кој имал интерес европската компанија да биде тргната настрана, а просторот да ѝ се остави на компанијата од Србија? На овие прашања ДУИ молчи веќе четири дена, иако устата им е полна со Европа.

Кога треба да држат говори, се најевропската партија. Кога на површина излегуваат милионски бизниси и српски компании, се повлекуваат и молчат.

Но ние нема да дозволиме оваа тема да се затвори со молк. Бараме од Обвинителството за организиран криминал да ги провери сите наводи што се објавени во јавноста.

Граѓаните имаат право да знаат дали јавниот интерес бил жртвуван за бизнис и партиски интереси. Граѓаните ја заслужуваат вистината.