Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

„Вреди“: Европскиот фронт се однесува деструктивно кон прашања регулирани со парламентарна постапка

Денес сме тука од многу јасна причина. Европскиот фронт, или како што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес сме тука од многу јасна причина. Европскиот фронт, или како што е познат во јавноста како НАИ, предводен од Демократската унија за интеграција, се однесува на целосно деструктивен начин кон прашања што се сосема нормални, технички и јасно регулирани со парламентарна постапка, истакна на денешната прес-конференција пратеничката на „Вреди“, Калтрина Беќири.

Сакам јасно да нагласам од самиот почеток: ова однесување не е и никогаш не било нормална парламентарна пракса. Верификацијата на мандатот на пратеникот не е политичко прашање, ниту прашање на мнозинство или малцинство, туку формална и автоматска постапка на Собранието.

Кога пратеникот преминува на друга функција, Собранието има јасен и консолидиран механизам: мандатот се пополнува со следниот кандидат на листата. Ова не е прашање на политичка волја, туку институционална обврска. Негласањето или гласањето против верификацијата на мандатот е апсурдно и опасно за демократското функционирање на државата.

Реклама

Да поставиме едно хипотетичко, но многу реално прашање: што би се случило ако утре треба да се верификува пратеник на ДУИ, а парламентарното мнозинство одбие да гласа за неговиот мандат? Ова би значело блокада на институциите и би бил институционален пуч, а не демократски процес.

Токму ова однесување го видовме во случајот со пратеничката Валбона Адили-Емини, која го замени Салим Сулејмани, а го видовме повторно вчера со пратеникот Зеќирја Таири, кој го замени пратеникот Беким Сали, кој веќе е назначен за министер. Во двата случаја опозицијата одлучи да политизира техничка постапка создавајќи непотребна конфузија кај граѓаните.

Овој деструктивен пристап не запира само на верификацијата на мандатите. Тој се протега и на клучните процеси на донесување одлуки поврзани со реформата на правосудството.

На 29 декември Собранието го одобри предлог-законот за Судскиот совет, закон што ги поставува темелите за силен, независен и транспарентен Судски совет, со цел зголемување на довербата на граѓаните во судскиот систем. И овој закон, дел од агендата за државни реформи, не беше поддржан од Европскиот фронт, односно ДУИ.

Вчера, 12 јануари, Собранието имаше пред себе два предлога од претседателката за членови на Судскиот совет: едниот искусна адвокатка и универзитетска професорка со високи професионални квалификации, етничка Албанка. И во овој случај Европскиот фронт одлучи да не го поддржи процесот.

Ние не ја отвораме оваа тема за имиња или етничка припадност. Она што е суштинско е политичкото лицемерство на оние што јавно зборуваат за застапување и институции, но во пракса блокираат секој процес што не е контролиран од нив. Имаа можност со своите гласови да докажат дека се за реформи и функционални институции, а го избраа спротивното.

Една опозиција, која преку своите постапки, придонесе довербата на граѓаните во судството да падне на минимално ниво, денес јасно докажува дека не е заинтересирана ниту за реформи ниту за почитување на парламентарните процедури.

Ние ќе продолжиме да инсистираме на ред, закон и нормално функционирање на институциите. И јавно ќе го осудиме, секогаш кога е потребно, секое деструктивно однесување што им штети на јавниот интерес и на демократскиот поредок.