Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ е жртва на апетитите на вечните фотељаши

Бујар Османи во Брисел наводно ги штител правата на Албанците во Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бујар Османи во Брисел наводно ги штител правата на Албанците во Македонија, кои, според него, биле загрозени затоа што тој повеќе не е министер. Пародија!, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Со кој легитимитет Бујар Османи може да ги застапува Албанците, кога пред само неколку месеци изгуби дома, во Чаир, од своите?

Од 22 години власт на ДУИ со СДСМ и ВМРО, Бујар Османи помина 3.670 дена во министерства, во власт и во дипломатски салони. Толку е навлечен на фотелја што е подготвен не само ДУИ да ја држи како заложник на своите апетити, туку и целиот албански народ да го претвори во жртва на неговата желба за власт. Усул да се немало!

Реклама

Друг пример за вечен фотељаш е „европеецот“ Блерим Беџети, со над 15 години, односно 5.500 дена по функции. Три мандати беше градоначалник на Сарај, беше министер за правда, беше и главен соработник на Данела Арсовска, преку која раководеше со неколку јавни претпријатија во Град Скопје. Сега е пратеник кој рони солзи за ЕУ-интеграциите и наводно ги штити правата на Албанците.

Со други зборови, коленичи пред ВМРО за да стане дел од нивната влада. Не може ни неколку месеци да издржи без власт. И тој, како Бујар, е венчан за кожна фотелја. За друго не знаат.

ВЛЕН им порачува на чесните членови на ДУИ да се освестат. Али Ахмети од 2001 година нема никаква врска со денешниот Али Ахмети. Сè е сведено на гол клиентелизам. Само тендери и пари им се во главите. Наративот дека политичките и демократските права на Албанците се заштитени само ако Бујар и Блерим се министри е дрско потценување на интелигенцијата на нашиот народ.

Оваа демагогија на Али Ахмети и ДУИ веќе не поминува ниту во Македонија, ниту на Косово, ниту во Албанија. Живееме во 2026 година, а тие се заглавени во 2008. Сонуваат Груевски да го вратат од Будимпешта и, заедно со Мијалков, повторно да владеат.

Не разбираат дека тој филм повеќе нема да го гледаат.

Без вистински внатрешни, програмски и кадровски реформи, ДУИ е многу поблиску до распад отколку до каква било шанса повторно да стане власт.