Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ 20 години манипулираше со употребата на албанскиот јазик, зошто Али Ахмети се крие зад студентите

Денешниот протест заврши, но вистината остана: ДУИ 20 години манипулираше со употребата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денешниот протест заврши, но вистината остана: ДУИ 20 години манипулираше со употребата на албанскиот јазик. Денес сме тука затоа што вистината мора да се каже јасно и гласно: студентите протестираа против неправда која потекнува токму од времето на владеењето на ДУИ.

Сите Албанци знаат дека правосудниот испит никогаш не се одржувал на албански јазик, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Протестот е демократско право и никој тоа не го оспорува. Но, ние реагираме против оние кои се обидуваат да го манипулираат истиот за политички цели.

Реклама

Денес на протестот, без ни малку срам, се појавија и двајцата главни виновници што правосудниот испит не се одржува на албански јазик: Муса Џафери и Блерим Беџети.

Токму тие што денес се обидуваат да ја разгорат оваа тема, ја користеа власта за лично богатење во периодот кога проблемот требаше да биде решен.

Почитувани студенти, Ние отворено разговаравме со вас. Го прифативме вашето барање и ви ветивме дека проблемот ќе биде решен.

Вие побаравте правосудниот испит да биде на албански јазик, а ние работиме сите професионални испити да бидат достапни и на албански јазик.

Во таа насока, денес во Владата се одржа средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателите на ВЛЕН.

Затоа со целосна сигурност ви порачуваме: многу скоро испитите ќе бидат и на АЛБАНСКИ ЈАЗИК.

Албанците не се наивни. Тие многу јасно гледаат дека зад оваа врева не стои грижата за студентите, туку борбата за изгубената власт.

Затоа, вистинското прашање е: Зошто Али Ахмети се крие зад студентите? Зошто не им кажува на Албанците дека ова прашање не го реши кога целата власт беше во негови раце?

Уште еднаш, Али Ахмети покажа дека „го фрла каменот, а ја крие раката“. Го потпалува огнот од позади, додека ги турка другите напред, а потоа се обидува политички да профитира.

Почитувани,
Ова прашање не смее да се претвори во судир меѓу институциите и студентите.

Студентите се наши деца.

Затоа ги повикуваме студентите да не подлегнуваат на политички манипулации и да имаат доверба дека ова прашање веќе е преземено од ВЛЕН и дека неговото решение е многу блиску.