Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВРЕДИ: Безбедност на граѓаните со толеранција, „Безбеден град“ не казнува минималната грешка

Законот за „Безбеден град“ е еден од најважните закони што се донесени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за „Безбеден град“ е еден од најважните закони што се донесени во Македонија, бидејќи во својата суштина ги штити животите на граѓаните и гарантира безбедност на јавните простори. Овој закон не е за камери или казни, туку за создавање услови секој граѓанин да се движи без страв и без ризик по животот. “Безбеден град“ значи побезбедни улици за пешаци, велосипедисти, корисници на електрични тротинети и лица со попреченост. Тоа значи дека мајката може да оди со своето дете без страв, дека граѓанинот нема да го изгуби животот поради туѓа невнимание и дека јавните простори им служат на луѓето, а не на сообраќаен хаос, се вели во соопштението од ВРЕДИ. 

Овој закон директно има за цел да ги намали смртоносните несреќи и да ја подобри безбедноста на патиштата, особено на автопатите, регионалните патишта и градските булевари, каде што ризикот е реален и секојдневен. “Безбеден град“ е модерна алатка за менаџирање со јавната безбедност, која одговара на современите предизвици и ја доближува нашата земја до европските стандарди.

Денес, современите градови во Европа користат интегрирани системи за следење и брз одговор, бидејќи тие ја зголемуваат безбедноста, го намалуваат просторот за прекршоци и ги прават институциите поефикасни и попрофесионални. “Безбеден град“ е токму таков чекор кон држава која функционира подобро за своите граѓани.

Реклама

Во врска со имплементацијата на системот, нагласуваме дека толеранциите на камерите ќе бидат идентични со оние што веќе ги применуваат полициските радари: толеранција од 6 км/ч за брзини до 100 км/ч и 8 км/ч за брзини над 100 км/ч. Ова јасно покажува дека целта не е казнување, туку спречување на прекршоци што ги загрозуваат животите на луѓето. Толеранцијата се однесува само на помали прекршоци и не се однесува на случаи на кривични сообраќајни прекршоци.

Пораката на ВЛЕН е јасна: правилата постојат за да се почитуваат и да го заштитат животот. Безбедноста не е казна, безбедноста е колективна одговорност. “Безбеден град“ е закон за побезбедно, поуредно и похумано општество.