Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

ВРЕДИ: Албанците го избраа достоинството, а не навредите на Ахмети

Во секој агол од земјата, во секој објект, во секоја населба, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во секој агол од земјата, во секој објект, во секоја населба, се чувствува еуфоријата кај граѓаните дека ДУИ конечно завршува. По повеќе од 20 години лошо владеење, измама и ароганција, Албанците се разбудија и бараат вистински промени, стои во соопштението на ВРЕДИ.

ВРЕДИ служи како најдобар пример за модерната албанска политика без притисок, без уцени, без закани. Комуницираме со граѓаните, ги слушаме нивните грижи и работиме за секое населено место, за секое семејство. Блиску сме до народот, а не сме заклучени во канцеларии и бункери на власта. Од друга страна, ДУИ е на дното на бунарот. Секој ден се открива нивниот срамен договор со Левица, соработка што го предава интересот на Албанците за лична моќ.

Ова јасно се виде на 19 октомври, кога граѓаните им ја изрекоа првата казна. Но, конечниот удар ќе дојде на 2 ноември, во Тетово, Дебар, Долнени, Брвеница и насекаде каде што Албанците одлучија да го затворат поглавјето на ДУИ.

Реклама

ВРЕДИ не ги навредува Албанците, не ги нарекува „загари“ и „газиместан“ како Али Ахмети, туку ги почитува со достоинствено претставување и секојдневна работа. Веруваме во достоинство, единство и политика што му служи на граѓанинот, а не на личниот џеб. ВРЕДИ е новиот дух, силата на промените и печатот дека Албанците ќе имаат чист, силен и искрен глас на секое ниво на власт. На 2 ноември, сите заедно да го затвориме старото поглавје и да ја започнеме новата ера на Албанците со ВРЕДИ!