Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Вработен во прилепската болница осуден за проневера од речиси 35 илјади евра

Прилепскиот суд го осуди на условна казна вработениот во болницата во Прилеп…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилепскиот суд го осуди на условна казна вработениот во болницата во Прилеп кој беше обвинет за проневера во службата, односно се товареше дека од август 2024 до април 2025 година си зел речиси 35 илјади евра кои пациентите ги уплаќале за здравствени услуги.

Обвинетиот ги вратил парите кои ги зел противзаконито, но останува кривичната одговорност – информираше директорот на Финансиската полиција, Слободан Ивановски.

Финансиската полиција работеше на овој случај, што за Ивановски е уште една потврда дека злоупотребата на јавни средства нема да биде толерирана, без разлика на тоа кој е сторителот.

Реклама

„Правдата мора да важи подеднакво за сите. Последици има и ќе има за секој обид за лично богатеење на сметка на граѓаните“, напиша директорот на Финансиската полиција.