Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Волц: Договор за мир во Украина за многу кратко време!

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Мајк Волц, денеска изјави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Мајк Волц, денеска изјави дека идејата за влез на Украина во НАТО „не е повторно на маса“, и покрај понудата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се повлече, во замена за членството на неговата земја во тој воен сојуз.

-Не гледам дека САД сакаат Украина да се приклучи на НАТО, а потоа да ангажира американски војници според член 5 или директно да се вклучи во војната во Украина, изјави Волц за Фокс њуз, пренесе Политико.

Волц нагласи дека „фрустрациите се големи“, бидејќи администрацијата на Трамп се надева дека наскоро ќе постигне договор со Русија за завршување на војната, а на прашањето дали е закажана средба меѓу Путин и Трамп, тој одговори: „во овој момент не“.

Реклама

-Претседателот Трамп очекува дека ќе се постигне договор и мислам дека тоа ќе го видите за многу кратко време, рече Волц.

Во однос на безбедноста на Украина, Волц рече дека САД ги поддржуваат Франција, Велика Британија и другите европски земји, кои се согласуваат да му понудат на Киев „многу силни“ безбедносни гаранции.

-Со години баравме од Европа да ја зајакне својата одбрана и со години баравме од Европа да плати за сопствената одбрана, бидејќи американските даночни обврзници го преземаа овој нефер товар со децении, рече советникто за национална безбедност на претседателот Трамп.

Тој го повтори ставот на Трамп дека Америка е подготвена да ја гарантира безбедноста на Украина во замена за украинските ретки минерали, што Киев засега не прифаќа