Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Во завршна фаза реконструкцијата на бензинската станица во Расадник, се гради и нов паркинг

Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во завршните активности за реконструкција на бензинската станица во населбата Расадник.

Како што информира Општина Кисела Вода, на терен со градоначалничката беа и Дејан Спасеновски, директор на развој и инвестиции во „Макпетрол“ и Слободан Тасевски, советник за интерни и јавни набавки во компанијата.

Објектот, кој датира уште од 70-тите години на минатиот век, во моментов поминува низ фаза на целосно реновирање и модернизација. Проектот опфаќа не само обнова на станицата, туку и партерно уредување на околниот простор пред самиот објект. Дополнително, од задната страна се гради нов паркинг од отворен тип, кој ќе биде ставен на располагање на жителите од овој дел на општината.

Реклама

-Овој објект наскоро ќе добие лик на модерен пункт со современо уреден партер. Нашата соработка со бизнис секторот, како што е оваа со компанијата „Макпетрол“ е токму во таа насока, секоја инвестиција да донесе конкретен бенефит за граѓаните. Посебно значајно е што со партерното уредување и новиот паркинг, не само што добиваме подобра функционалност, туку и обезбедуваме повеќе слободен простор за возилата на жителите од Расадник, изјави градоначалничката Стaменкоска Трајкоска.