Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Во завршна фаза e асфалтирањето на централната улица „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка

Во Крива Паланка во завршна фаза е реализацијата на уште еден капитален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Крива Паланка во завршна фаза е реализацијата на уште еден капитален  инфраструктурен проект за побезбеден и поуреден град, асфалтирање на дел од главната улица „Св. Јоаким Осоговски“, делница од населба Единство до клучката со магистралниот пат А2, на влезот на градот.

Од Општина Крива Паланка информираат дека продолжува силната динамика и јасна визија за реализација на капитални инфраструктурни проекти што оставаат траен белег во развојот на градот и директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, а улицата „Св. Јоаким Осоговски“, добива современа, безбедна и урбано уредена сообраќајница, една од најзначајните сообраќајни артерии во градското подрачје.

-Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во животот на граѓаните. Секоја реконструирана улица значи поголема безбедност, подобри услови и поголема грижа за секој човек. Крива Паланка денес се развива со сигурни чекори, со дела што се гледаат и со проекти што носат вистински промени, истакна градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Реклама

Проектот опфаќа асфалтирање на траса во должина од 1.920 метри, во вкупна вредност од над 72.000.000 денари, со вклучен ДДВ, од кои 16.000.000 денари се обезбедени преку ко-финансирање. 

Со реализацијата на овој капитален проект се обезбедува: побезбеден и поефикасен сообраќај, подобра поврзаност и урбана функционалност, поквалитетни услови за секојдневно движење, како и современ и достоинствен изглед на градот.

-Крива Паланка денес сè повеќе добива лик на современ, уреден и достоинствен град, град што се гради плански, посветено и со љубов кон своите граѓани. Продолжуваме понатаму, со уште посилно темпо, затоа што секој проект е нов чекор кон подобра иднина за сите. За модерна, безбедна и урбана Крива Паланка, додаде Митовски.

Изведувач на градежните активности е „Конструктор ДОО Експорт-Импорт Скопје“.