Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Во текот на јули во просек дневно регистрирани по околу 15 пожари на отворен простор, Ангелов со апел да не се палат огнови и скари во шуми

Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати. Ова го соопшти денеска во изјава за медиумите директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Посочи дека врнежите во текот на изминатиот период придонеле за намалување на бројот на пожари и го успориле нивното ширење.

-Но, периодот со врнежи заврши. Високите температури, ниската влажност на воздухот и променливиот ветер создаваат услови за брзо настанување, ширење и тешко гаснење на пожарите на отворен простор. Доволна е само една искра. Најголемиот број пожари настануваат ненамерно. Граѓаните најчесто не сакаат да предизвикаат пожар, но едно невнимание може да доведе до сериозни последици – рече тој.

Реклама

Ангелов апелира граѓаните да не фрлат отпушоци од цигари на отворен простор, особено од возила во движење и низа други апели.

-Не палете огнови и скари во шуми и на места со сува вегетација.
Исчистете ја сувата трева и грмушки околу вашите домови и викендички и направете заштитен појас.
Не палете стрништа и пасишта. Со тоа го загрозувате животот на луѓето и имотот, а сторителите ќе бидат санкционирани.
Внимавајте при користење алати кои создаваат искри, како брусилици и апарати за заварување.
Земјоделците да бидат внимателни при користење уреди за плашење птици кои можат да предизвикаат пожар – рече Ангелов.


Ги повика граѓаните секое сомнително однесување веднаш да го пријават во најблиската полициска станица или на бројот 112. Исто така, Ангелов ги повика граѓаните да пријават лица кои носат сомнителни течности, факели, големи петарди или други предмети и активности што можат да предизвикаат пожар.

-Во услови на екстремно високи температури, потребна е максимална внимателност. Една искра може да предизвика голема трагедија! Сите кои ќе предизвикаат пожар треба да завршат во затвор! Аларм! Тревога! Ве молам бидете внимателни! Доволна е искра за страшна трагедија! – рече директорот на ДЗС, Ангелов.