Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Во тек реализација на капитални инфраструктурни проекти во Делчево

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска заедно со општински тим изврши увид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска заедно со општински тим изврши увид во текот на реализацијата на повеќе капитални инфраструктурни проекти на неколку локации во градот.

Станува збор за реконструкција и уредување на улици кои, како што посочуваат од Општината, се од големо значење за секојдневното функционирање на граѓаните и долго време чекале на нивна реализација.

Градоначалникот Гоцевски истакна дека подобрувањето на локалната инфраструктура останува еден од главните приоритети на општината, со цел создавање подобри услови за живот на сите жители.

Реклама

– Нашата цел е јасна – подобра инфраструктура, поквалитетен живот и исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните. Делчевчани заслужуваат достоинствени услови за живот, а ние сме тука тоа да го реализираме со работа, посветеност и конкретни проекти – истакна Гоцевски.

Од локалната самоуправа нагласуваат дека и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во инфраструктурата, со реализација на нови проекти насочени кон модернизација на улиците и подобрување на условите за живот во градот.

Како што велат од Општината, со континуирани вложувања и активна работа се стремат кон постепено менување на ликот на градот и создавање подобра и поуредена средина за граѓаните.