Општина Маврово и Ростуше со несмалена динамика реализира повеќе активности за подобрување на условите за живот во сите населени места.
Во тие рамки во тек се теренските активности за замена на дотраените сијалични места со нови, енергетски поефикасни и поекономични LED светилки.
-Со поставување на нови LED глави за надворешно осветлување се заменуваат старите електрични арматури низ целата општина. Екипите на општинските јавни служби, вклучувајќи ги општите работници и електричарите, секојдневно се присутни на терен низ целиот регион на Маврово и Ростуше, информираа од општината.
Додаваат дека оваа инвестиција има за цел обезбедување на енергетски поквалитетно и поекономично улично осветлување.

Оценуваат дека на овој начин значително ќе се намали потрошувачката на електрична енергија и ќе се зголеми безбедноста на граѓаните во ноќните часови.
-Нашата мисија е јасна, брзо и ефикасно решавање на тековните проблеми на граѓаните и одржување на функционалноста на секоја заедница. Работиме посветено и неселективно, наведуваат од Општина Маврово и Ростуше.
