Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Во тек модернизација на уличното осветлување на подрачјето на Општина Маврово и Ростуше

Општина Маврово и Ростуше со несмалена динамика реализира повеќе активности за подобрување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Маврово и Ростуше со несмалена динамика реализира повеќе активности за подобрување на условите за живот во сите населени места. 
 
Во тие рамки во тек се теренските активности за замена на дотраените сијалични места со нови, енергетски поефикасни и поекономични LED светилки.  
 
-Со поставување на нови LED глави за надворешно осветлување се заменуваат старите електрични арматури низ целата општина. Екипите на општинските јавни служби, вклучувајќи ги општите работници и електричарите, секојдневно се присутни на терен низ целиот регион на Маврово и Ростуше, информираа од општината. 
 
Додаваат дека  оваа инвестиција има за цел обезбедување на енергетски поквалитетно и поекономично улично осветлување. 


 
Оценуваат дека на овој начин значително ќе се намали потрошувачката на електрична енергија и ќе се зголеми безбедноста на граѓаните во ноќните часови. 
 
-Нашата мисија е јасна, брзо и ефикасно решавање на тековните проблеми на граѓаните и одржување на функционалноста на секоја заедница. Работиме посветено и неселективно, наведуваат од Општина Маврово и Ростуше.