Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Во тек конкурсот на Народната банка за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството

Во тек е конкурсот на Народната банка за годишната награда за најдобар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е конкурсот на Народната банка за годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2026 година.

Право на учество имаат државјаните на Македонија до 35-годишна возраст. Трудовите треба да содржат осврт на македонската економија и да не надминуваат 80.000 карактери, со препорачана стандардна научна структура. Може да се конкурира и со веќе објавени трудови, но не пред 1 јануари 2024 година.

Пријавувањето се врши електронски, на е-адресата: [email protected], во word-формат, со назнака „За Годишната награда на Народната банка“. Авторите доставуваат и кратка биографија. Сите трудови се третираат како доверливи материјали.

Реклама

Еден автор може да поднесе само еден труд, на македонски, албански или на англиски јазик.

– Трудовите ќе се вреднуваат според повеќе критериуми, вклучително и според релевантноста на темата, квалитетот на анализата, методолошкиот пристап и јасноста на заклучоците, информира Народната банка.

Крајниот рок за доставување е 1 февруари 2026 година, а годишната награда за прворангиранот труд изнесува 130.000 денари, а за второрангираниот 65.000 денари.

Наградата има за цел да го поттикне развојот на научната мисла и изработката на квалитетни истражувачки трудови во овие области, како и да ги афирмира младите стручни кадри.

Конкурсот е достапен на веб-страницата на Народната банка на следнава врска: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-17062025-2.nspx.