Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Во Струмица одбележани 22 години од загинувањето на претседателот Трајковски

Пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, родната Струмица одбележа 22 години од неговата смрт. 

Членови на семејството Трајковски, пријатели, претставници на локалната самоуправа, политички партии, институции и здруженија на граѓани со положување цвеќе и поклонување пред неговиот споменик ја искажаа својата почит.

За ликот и делото на претседателот Трајковски говореше градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.

Реклама

– Борис Трајковски беше човек со длабока христијанска вера, со изразена лична скромност и човечност. И покрај високата функција што ја извршуваше, остана близок до народот, достапен и искрен. Ние струмичани тоа најдобро го знаеме. Тој ја претставуваше државата со јасна визија за евро-атлантска интеграција со стремеж кон членство во ЕУ и НАТО и со порака дека Македонија припаѓа на семејството демократски и мирољубиви народи – рече Јанков.

Во рамките на одбележувањето на годишнината од смртта на претседателот Трајковски рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица рецитираа пригодна поезија, а Унијата на жените на ОК ВМРО-ДПМНЕ традиционално засади дрвце во паркот во близина на споменикот на Трајковски.