Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Во Струмица утре почнува „Астерфест“

Во амфитеатарот во Струмица утревечер свечено ќе биде отворен меѓународниот филмски фестивал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во амфитеатарот во Струмица утревечер свечено ќе биде отворен меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“. На свеченото отворање ќе и биде врачена наградата „Астер“ на годинешната лауреатка Синоличка Трпкова.

Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд.

Фестивалот продолжува на 5 август, во 11 часот, со Тивериополската филмска посета на Манастирот во Велјуса. Вечерта ќе се прикажат уште 7 кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“ во македонско-швајцарско-американска копродукција.

Реклама

Фестивалот ќе трае до 8 август и влезот за сите проекции е слободен.

Меѓународното стручно жири го сочинуваат Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева.

„Астефест“ е поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на Македонија.